Аеродром има државни шампиони во ракомет!
ФОТО ГАЛЕРИЈА АЛКАЛОИД – АЕРОДРОМ
Екипата на Аеродром од Скопје денеска го совлада тимот на МРК Куманово и со трите освоени бодови од овој меч го одржа ритамот во трката за Плејоф место во групата „А“.
Натпреварот заврши со резултат 26-23 за скопскиот состав, a клучни беа трите гола што ги постигнаа во серија во финишот на натпреврот по резултат 22-22.
Куманово, сѐ до тој момент беше рамноправен и во игра и за целиот плен. Не само тоа, во поглем дел од средбата водеа гостите и се чинеше дека се на добар пат да ја запишат првата победа. Имаа водство од 16-13 во второто полувреме, диктираа резултат се до егалот од 19-19, а кратко потоа дојде решавачката серија на домашните.
Наум Костов од екипата на Аеродром со 12 постигнати голови од кои 6 од седмерец беше најдобриот стрелец на натпреварот, додека во кумановскиот состав Влатко Тасевски и Јован Даневски со по пет погодоци беа најдобрите стрелци.