ФОТО ГАЛЕРИЈА РК АЛКАЛОИД – РК АЕРОДРОМ
Екипата на ГРК Охрид беше пресилна за нашиот тим
Во првото полувреме се водеше голема битка на теренот, а на паузата со водство од еден гол замина гостинскиот тим (13-12). Пелистер 2 заигра подобро во вториот дел и поведе со 19-13, по што Аеродром постојано бркаше негатива и во завршницата стигна до 26-26.
Битолскиот тим го врати водството во следната минута (27-26), а Аеродром пропушти шанса да освои бод откако не реализира напад.
Наум Костов беше најдобар кај Аеродром со 12 голови, додека Мирче Калајџиоски постигна осум погодоци за Пелистер 2.
Скопје се бореше храбро со Куманово само едно полувреме (12-12), по што го загуби здивот и тоа го искористи домашниот тим за да слави со 29-21. Најдобар во победничката екипа беше Ѓурковиќ со осум погодоци, додека исто толку за гостите постигна Шокоски.