ФОТО ГАЛЕРИЈА ГРК ТИКВЕШ – РК АЕРОДРОМ
Аеродром и Скопје одиграа без победник
Домаќините фуриозно го стартуваа мечот и многу брзо стигнаа до три гола предност (5-2). До крајот на првиот дел разликата само се зголемуваше, а кавадарчани на полувреме заминаа со највисоките плус десет (25-15). Во второто полувреме избраниците на Никола Матлиевски само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 43-31.
Евгениј Темелкоски со девет гола беше најдобар поединец во таборот на победничкиот тим, додека кај РК Аеродром Виктор Трифуноски постигна шест гола.