ФОТО ГАЛЕРИЈА КУП НА МАКЕДОНИЈА: РК АЕРОДРОМ – РК ГОЛДЕН АРТ
Аеродром стартуваше со подготовките за новата сезона
Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за претстојната сезона во Првата лига. Иако беа најавени 19, ќе играат 18 екипи.
Во регуларниот дел, што ќе се игра во две групи, ќе се одигра по еднокружен бод систем (домаќин-гостин), односно вкупно 18 кола. По завршување на регуларниот дел од првенството се формираат две групи, плеј-оф со десет екипи, односно по петте првопласирани од двете групи, и плеј-аут, во кој ќе играат сите останати екипи.
Во плеј-оф и плеј-аут групите се пренесуваат резултатите и бодовите постигнати со
екипите со кои веќе се играло во регуларниот дел во групата, а се пласирале во иста група. По 18 кола од регуларниот дел, екипите ќе одиграат уште десет кола (домаќин-гостин) само со екипите кои играле во другата група во регуларниот дел.
Првопласираната екипа од плеј-оф влегува директно во Супер лига, а второпласираната екипа од плеј-оф ќе игра еден бараж натпревар со петто пласираната екипа во плеј-аут групата од Супер лига.
Според планот, прволигашката конкуренција треба да стартува викендот на 14/15 септември.
Прва лига, 2024/25:
група А: Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Аеродром, Металург РА, Јехона, Овче Поле, Кичево, Астраион, Борец
група Б: Вардар Неготино, Скопје, Младост Богданци, Драчево, Maкедонија ЃП, Шампион, Партизан Гевгелија, Текстилец, Преспа Вардар